Сцена: Светлосни ефекти
17
Apr
2013
погледни ја сликата
Светлосни Ефекти
Автор: admin | Категорија: Емисии

Светлечка диода, односно ЛЕД (анг: Light-emitting Diode, LED) е електронски полуспроводнички елемент кој зрачи светло [1]. ЛЕД се користат како индикатори во технички апликации, но се повеќе и како извор на светло. Користени се како практична електронска компонента уште од 1962 , кога првите LED светеа со црвено слабо светло , Moonlight новите модерни верзии се достапни со видливи , [[ултравиолетови и инфрацрвени бранови должини како и силна светлина. Кога светлечката диода е вклучена , електроните се комбинираат на дупките каде нема електрони во компонентата , и испуштаат енергија во вид на фотони. Светлечките диоди имаат голема предност пред другите светилки како помала потрошувачка , поголем работен век , помала големина , побрзо вклучување и потешко кршење.

Ваквите диоди што можат да осветлат соба се често скапи и бараат прецизна струја и систем за спречување на прегревање. LED се користат за сигнализирање кај возилата , билборди , семафори и екрани. Светлечките диоди овозможија видео дисплеи , сензори како и брза комуникација особено кај инфрацрвените LED кои се користат во многу далечински уреди за контролирање на телевизори , DVD плеери и детски играчки.

Процесот на користење на електроните кои се комбинираат и испуштаат фотони , поточно електролуминисценција како феномен беше откриен во 1907 од Британскиот научник Хенри Џозеф Раунд , користејќи SiC (силикон карбид) и кристален детектор.

Олег Владимирович

изјави дека ја создал првата светлечка диода во 1927. Неговото истражување беше пишувано во руски , германски и британски списанија , но немаше практична употреба за неколку декади..

Рубин Браунштајн создаде инфрацрвена диода користејќи GaAs (галиум арсенид) и неколку други полуспроводници во 1995  Потоа направи инфрацрвена диода користејќи GaSb , GaAs , InP и SiGe на собна температура. Првата практична светлечка диода беше развиена во 1962 од Ник Холоњак кога работеше за General Electric Company. Ник се смета за „таткото на LED“ создавајќи ја првата ваква диода која зрачи видливо црвено сетло. До 1968 , и видливата и инфрацрвената LED беа многу скапи , од 200 американски долари по парче , па немаше практична употреба. Monsanto Company , беше првата организација која масивно почна да произведува видливи ЛЕД , користејќи го соединението галиум арсенид фосфид (GaAsP) во 1968 за да создаде диоди кои се добри да служат како индикатори. Hewlett Packard (HP) користеше диоди од 1968 со GaAsP од Monstanto Company. Технологијата беше доста успешна за дисплеи со букви и бројки и беше интегрирана во калкулаторите на HP.

Youtube приказ на целиот настан

Првата масивна употреба беше заменување на неонските светла и дисплеите за прикажување бројки  Како што технологијата за материјали беше понапредна , се создадоа нови бои како и посилна светлина. Во 2001 беа успешно направени светлечки диоди од галиум нитрид (GaN) што донесе многу силни штедливи диоди. Во 2011 , Жонг Лин Ванг од Инстутот за технологија во Џорџија откри дека пиезоелектричните ултравиолетови светлечки диоди можат да бидат поефикасни за 400% користејќи цинк оксид.

No comments yet