Снимање: “Ритамот на Градот”
15
Apr
2013
погледни ја сликата
Ритамот на градот
Автор: admin | Категорија: Емисии

Ритам претставува правилното и рамномерно повторување на еден или повеќе елементи во одреден простор. Повторувањето може да се движи во низа, круг или на цела површина. Ритамот може да се постигне со повторување на одреден, константен или променлив ликовен елемент (линија, големина, текстура, форма, волумен, боја, тон) со одредено променливо или исто растојание.

Ритмичкото комбинирање на еден, два или повеќе елементи во одреден простор, односно ликовна целина, е присутно уште од најраните творби на човекот. Народната уметност главно е изградена врз основа на повторување, односно ритам на одредени елементи. Ритамот е присутен и во архитектурата и во дизајнот.

Основа на секој ритам е повторувањето како движење во одреден правец. Тој е всушност основен принцип во уметничкото творештво: литературата, музиката, балетот, филмот, театарот и во сите видови ликовно творештво.

Регуларен ритам е оној кој се добива со наједноставно повторување на еден елемент кој воопшто не се менува при повторувањето. При тоа, растојанието, големината, формата и бојата остануваат исти. Овој ритам е едноличен, монотон и неинтересен.

Горан Саздовски

Каква опрема се користеше ?

Алтернативен ритам е оној кој се добива со повторување на две или повеќе видови вредности, еден или повеќе видови ликовни елементи, но растојанието останува исто. На пример: тенка и дебела линија, крива и права линија, топла и студена боја, различна големина, различна текстура, полн и празен волумен, испупчен и вдлабнат итн.

  • Светла тип 120 пмс
  • Озвучување
  • HD камера
  • Возила со камермани
  • Ротори за 3D

Алтернативниот ритам може да менува и повеќе од два квалитети. Двата квалитети на менување можат да се менуваат и внатре во себе, т.е. да ја менуваат бојата, тонот, големината, формата, но мора да задржат едно од својствата за да бидат препознатливи како елементи за повторување. На пример, ако бојата останува иста, се менуваат формата или големината. При ваков ритам важно е елементите да варираат хармонично во промените, без големи контрасти.

No comments yet